Во Собранието почнува седницата за избор на Влада

Во Собранието почнува седницата за избор на Влада

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе започне расправата за избор на Влада. Седницата е закажана за 11 часот, а расправата може да трае најмногу два дена, односно до утре вечер, недела, до полноќ..

Новата влада на СДСМ и ДУИ ќе биде без министри без ресор, а, според досегашните најави, ќе има четворица вицепремиери, односно ќе брои 20 членови, вклучително и премиерот, наместо досегашните 27

Мандатарот Зоран Заев, за членови на Владата ги предлага:

Љупчо Николовски вицепремиер за борба против корупцијата;

Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија;

Никола Димитров,  вицепремиер за европски прашања;

Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи;

Радмила Шекеринска, министер за одбрана;

Бојан Маричиќ, министер за правда;

Благој Бочварски, министер за транспорт и врски;

Венко Филипче, министер за здравство;

Мила Царовска, министер за образование и наука;

Јахода Шахпаска, министер за труд и социјална политика;

Ирена Стефоска, министер за култура;

Аријанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство;

Горан Милевски, министер за локална самоуправа;

Артан Груби, прв вицепремиер и министер за политички систем;

Бујар Османи, министер за надворешни работи;

Фатмир Бесими, министер за финансии;

Крешник Бектеши, министер за економија;

Насер Нуредини, министер за животна средина;

Јетон Шаќири, министер за информатичко општество и администрација.

Прочитајте повеќе

Македонија без покана за Одборот за мир на Трамп

Македонија без покана за Одборот за мир на Трамп

Македонија сè уште ја очекува поканата од американскиот претседател Доналд Трамп за учество во т.н. Одбор …