несреќа сообраќајка сообраќајна

Во сообраќајна несреќа кај клучката на излезот од Прилеп, тешко повредено едно лице

На 19.03.2024 околу 01.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Битола, во близина на клучката кај хотелот „Саклида“ на излезот од Прилеп, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.М.(58) од Битола и патничко возило „Ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од Прилеп. Во несреќата возачот Д.К. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.

Прочитајте повеќе

Сточарите стравуваат од „див трансфер“ на сипаници кај овците и нови забрани за извоз

Сточарите стравуваат од „див трансфер“ на сипаници кај овците и нови забрани за извоз

Сточарите стравуваат од загуби и очекуваат обештетување од државата, откако два пати во јануари и …