Во соработка со УНДП, Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попреченост

Во соработка со УНДП, Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попреченост

Општина Центар и УНДП потпишаа Меморандум за соработка при вработување на жени и други ранливи групи на граѓани прекуиспорачување на социјални услуги за нега, помош и одмена на семејна грижа во домот и заедницата, соопштија од Општина Центар.

Како што велат од Општината, тие ќе основаат Центар за испорачување на социјални услуги за нега во кој корисниците ќе можат да добијат 24 часовна грижа од сертифицирани негуватели.

„Преку оваа соработка Општина Центар ќе ги активира невработените жени и лицата со попречености внесувајќи ги на пазарот на труд и овозможувајќи им вработување и истовремено ќе обезбеди социјални услуги за лица со попречености, стари лица, долгорочно болни лица и други ранливи групи на граѓани кои имаат потреба од нега, асистенција, помош во домот и одмена на семејна грижа“, се вели во соопштението.

Прочитајте повеќе

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

„Супорт Кочани“ обезбеди 4070 силиконски лепенки за повредените од трагедијата, ќе бидат донирани на Општата болница

Денеска граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ прими донација од 4.070 силиконски лепенки, наменети за третман на …