Во чест на 8 Септември, прилепскиот Завод и Музеј ги отвора вратите на своите поставки

Во чест на 8 Септември, прилепскиот Завод и Музеј ги отвора вратите на своите поставки

По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија, под мотото „Обединети во слободата“, во организација на Владата во целата држава ќе бидат одржани повеќе свечени и културни активности и манифестации.

Во одбележувањето на празникот се вклучува и НУ Завод и Музеј – Прилеп, кој утре, четврток, од 09 до 17 часот, ќе ги отвори вратите на своите постојани поставки за посета на граѓаните.

НУ Завод и Музеј ќе ги отвори следните постојани поставки:

  • Лапидариум
  • Археолошка поставка
  • Етнолошка поставка
  • Галерија на икони
  • Роднокрајна музичка поставка
  • Куќата на Кузман Јосифоски-Питу
  • Меморијален музеј „11 ти Октомври“ (Участак)
  • Музеј за тутун

Влезот во сите поставки е слободен.

Прочитајте повеќе

Дивоградби во Охрид

Нови дивоградби го загрозуваат Студенчишко Блато, УНЕСКО повторно предупреди дека Охрид е наследство во опасност

За случајот со дивоградбите и незаконски приватизираните парцели во Студенчишко Блато, Фронт 21/42 поднел пријави …