Во Србија одржан интернационален инклузивен џудо камп

Во Србија одржан интернационален инклузивен џудо камп

Во рамки на проектот „Judo4All” поддржан од Европска унија, во Крагуевац, Србија се одржа зимски интернационален и инклузивен џудо камп.

Во организација на ЏК „Макикоми” од Белград, на кампот учествуваа земјите партнери во проектот: Македонија, Романија и Србија.

На интернационалниот џудо камп присуствуваа повеќе од 40 учесници од ЏК „Дрим” Струга и партнерот „Порака Нова“, ЏК „Макикоми” и ЏК „Мехединти”, а секој од трите клубови беше претставен со по 3 лица со интелектуална попреченост.

Програмата беше поделена на два дела: регуларни џудо тренинзи и инклузивни џудо работилници.

Џудо тренинзите беа водени од искусни џудо тренери од Македонија, Србија и Романија, додека инклузивните џудо работилници се одржаа под раководство на „Порака Нова“, според специјална програма со интерактивни сесии фокусирани на развивање на свеста за инклузија во спортот, со цел преку креирање на инклузивни техники достапни за сите.

На последниот ден од кампот, тренерите на работилниците, џудо тренерите и учесниците креираа адаптирани џудо техники кои ќе бидат снимени во прирачник. Прирачникот ќе се користи како водич за сите џудо клубови кои во иднина ќе сакаат во работата и тренинзите да вклучат лица со попреченост. Инклузијата во спортот не е само да ги научи лицата со попреченост да спортуваат, туку и да работат подеднакво со останатите лица кои членуваат во спортските клубови.

Следниот настан од проектот „Judo4All”, ќе се одржи на лето во Струга, во организација на ЏК „Дрим” Струга.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …