Во среда истекува рокот за предлози за новиот концепт за основно образование

Во среда истекува рокот за предлози за новиот концепт за основно образование

Министерството за образование и наука потсетува дека до среда, 20 јануари секој има можност на електронската адреса koncepcija@mon.gov.mk да доставува забелешки, коментари и предлозите за концепцијата којашто е објавена на веб страницата на МОН. Од министерството информираат дека досега се пристигнати значителен број на конструктивни предлози и коментари кои ќе бидат земени предвид.

Оттаму додаваат дека министерката за образование и наука Мила Царовска, претставници на МОН и Бирото за развој на образование неделава ги интензивираат дебатите за предложената нацрт-концепција за основно образование.

„Во текот на оваа недела секој ден се организираат средби и дебати со различни групи, а целта е преку овој широк консултативен процес да се донесе образовна реформа којашто е во најдобар интерес на децата. Министерката Царовска во среда ќе присуствува на средба со директорите на училиштата, во четврток со наставници, а во петок со членови на МАНУ“ велат од МОН.

Новата концепција е дел од Стратегијата на МОН за 2018-2025 година, предвидена е со Законот за основно образование донесен пред една година и е дел од владината програма.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

обвинителство

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

На 4 февруари, по претходен договор, третоосомничениот им помогнал на двајцата изнудувачи да ги преземе …