Пензионери во парк пензии

Во среда на 26 мај започнува исплатата на мајските пензии

На синоќешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец мај 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 25.05.2021 година, за да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мајските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 26.05.2021 година.

Исплатата на пензиите за клиентите кои не користат картички започнува во среда, 26 мај, и ќе се исплаќа во четири групи според според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 26.05.2021 година;

– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 27.05.2021 година;

– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во петок 28.05.2021 година и

– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во понеделник, 31.05.2021 година.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …