Во тек е меѓународниот конкурс за поезија „Антево Слово“ во Сицилија, Италија

Во тек е меѓународниот конкурс за поезија „Антево Слово“ во Сицилија, Италија

Остануваат уште десет дена до завршувањето на петтиот меѓународен конкурс за поезија во Сицилија, „Антево Слово“ 2021/2022, кој е отворен за сите македонски поети што ќе испратат своја необјавена песна.

Конкурсот како и наградата „Антево слово“ се дел од големата меѓународна поетска манифестација, „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) како резултат на соработката со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство, „Контекст – Струмица“. Специјалната награда на сицилискиот меѓународен фестивал е востановена во чест на великанот на македонската поезија, Анте Поповски.

За учество потребно е да се испрати една необјавена песна на e-mail адресата: antevoslovo@gmail.com напишана на македонски и италијански или англиски јазик. Сите учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“ именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …