Во тешка сообраќајка попладнево загина 38 годишен прилепчанец

Во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случи на регионалниот пат Битола-Прилеп, на влезот во Прилеп кај Паркот на револуцијата, животот го загуби едно лице.

Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло околу 16 часот кога автомобил марка „Опел вектра“ со прилепски регистерски таблички, од засега непознати причини, преку банкината, слетал од надвозникот долу. На местото на несреќата загинал 38 годишниот прилепчанец со иницијали З.Р. Во возилото немало други сопатници.

Увид на местото на несреќата извршија екипи на МВР и основен јавен обвинител.

Прочитајте повеќе

Налепница наместо нови регистарски таблички?

Една од опциите што ја разгледува МВР е наместо нови таблици со ознака НМК, возилата …