Во вторник започнува исплатата на септемвриските пензии

Во вторник започнува исплатата на септемвриските пензии

На синоќешната седница, Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец септември 2021 година и го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.09.2021 година, со препорака деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.09.2021 година.

Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:

– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши во вторник, 28.09.2021 година;
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши во среда, 29.09.2021 година;
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши во четврток, 30.09.2021 година; и
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши во петок, 01.10.2021 година.

Прочитајте повеќе

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Олимпијада 2024: 10.500 спортисти и 300.000 кондоми

Во следните три недели Париз ќе биде домаќин на Олимписките игри 2024. Ви нудиме одговори …