воз возови

Возовите не сообраќаат, железничарите бараат плата за април

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово е во прекин поради неисплатената априлска плата на вработените во Железници на РСМ-Транспорт. Вработените од подружницата влеча на возови во депото Лисиче престанаа со извршување на работните обврски, пa утрово од 8 часот прекинат e железничкиот сообраќај.

Железничарите бараат да им се исплаќа платата во согласно со договорениот период, и тоа вториот дел од платата најдоцна до 25-ти во месецот.

Инаку, во државното железничко претпријатие постојано има штрајкови. Последен пат, дури 12 дена штрајкуваа железничарите во април годинава, а истиот беше прекинат откако им беше исплатен вториот дел од платата за февруари.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската Комора ќе побара ревидирање на бројот на неработни денови заради празници

Стопанската комора на Македонија најави дека до Министерството за економија и труд ќе достави предлог-измени …