Александар Китаноски - советник во Советот на Општина Прилеп од СДСМ

СДСМ Прилеп: Со издвоените 1 милион евра за реконструкција на „Леце Котески“, Владата на СДСМ покажа како треба да владее секоја одговорна власт

Александар Китаноски  – советник во Советот на Општина Прилеп

Почитувани сограѓани,

Неспособноста на локалната власт предводена од градоначалникот Борче Јовчески да ги реализира не само сопствените туку и наследените проекти, достигна алармантни размери.

Токму затоа, министерот за транспорт и врски на Владата на Република Северна Македонија, Благој Бочварски, деновиве во Прилеп ќе оствари средба со Јовчески со цел, час поскоро, уште во текот на оваа недела конечно да започнат градежните работи на улицата „Леце Котески“.

Да потсетиме, станува збор за проект за изградба и реконструкција на влезот во Прилеп од страната на Крушево, во должина од 2 километра, со средства на Министерството за транспорт и врски преку Светска банка, во висина од еден милион евра.

Единствената причина поради која реконструкцијата на „Леце Котески“ доцни повеќе од една година, е неспособноста на актуелниот прилепски градоначалник и од него инсталираната паралелна општинска администрација, да ги решава проблемите на граѓаните.

Со издвоените средства за реализација на оваа капитална инвестиција, Владата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија покажа дека води подеднаква грижа за секоја Општина, за секое населено место, за секој граѓанин во нашата земја.

Таквиот начин на функционирање на извршната власт, е единствениот начин кој гарантира неселективност и подеднаков третман на сите граѓани, без разлика на тоа во која Општина живеат и на која политичка провиниенција и’ припаѓаат.

Со издвоените средства за реконструкција на улицата „Леце Котески“, Владата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија покажа како треба да се однесува и да владее секоја одговорна власт, оваа и секоја идна, која својот легитимитет го базира на основа на искажаната волја, но истовремено и на барањата и потребите секој граѓанин на нашата држава.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …