Пасош РСМ

Вработена во МВР барала пари на рака за издавање лични документи – собрала 10.000 евра

Поднесена е кривична пријава против вработена во Отсекот за управни работи Штип за Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „проневера на служба“, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Вработената Н.Л. во својство на службено лице кое врши работи од јавен интерес, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, од јануари до мај годинава во повеќе наврати присвоила пари доверени во службата.

Таа од граѓаните кои имале потреба од услуги за издавање на лични документи барала да ѝ дадат пари на рака при поднесување на барањата за издавање на патна исправа или лична карта, под изговор дека не постои можност за плаќање на ПОС – терминалот со платежна картичка бидејќи истиот не бил во функција.

„Притоа, таа го искористувала нивното непознавање на законските прописи во МВР, а доверените пари си ги присвојувала, стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 600.000 денари, на штета на буџетот на РСМ“, соопштија од МВР.

Од таму додаваат дека ќе поведат постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а вработената ќе биде суспендирана од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Гир и европските амбасадори во посета за поддршка на Фондација Метаморфозис

Проверувачите на факти играат витална улога во заштитата на демократијата и во обезбедувањето пристап на …