СДСМ Прилеп: Наместо да им се заканува на прилепчани, Мицкоски треба да му ги истегне ушите на неспособниот градоначалник Јовчески

СДСМ Прилеп: Наместо да им се заканува на прилепчани, Мицкоски треба да му ги истегне ушите на неспособниот градоначалник Јовчески

Реакција на ОО на СДСМ Прилеп на посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Прилеп

Општинската организација на СДСМ Прилеп ја поздравува посетата на Христијан Мицкоски на Прилеп. Бидејќи, тоа е најдобриот начин првиот човек на ДПМНЕ, со свои очи да се увери во пустошот од двегодишното владеење на неговиот пулен, Борче Јовчески.

Неподелено е мислењето дека Борче Јовчески е најголемата елементарна непогода која било кога ја зафатило општина Прилеп.

Поскапувањето на комуналните услуги, кратерите низ прилепските улици, инсталирањето паралелна општинска администрација, замижувањето пред инвазијата на дивоградби, неспособноста да ги решава проблемите на граѓаните и, последниот „успех“ – откажувањето на „Пивофест“, се најголемите „достигнувања“ на актуелниот прилепски градоначалник.

Само еден краток престој на Мицкоски во Прилеп, беше доволен да ги констатира причините поради кои дури и внатрепартиските анкети на ДПМНЕ, покажуваат дека Борче Јовчески е најслабиот градоначалник во нашата држава.

Затоа, наместо да брка „вештерки“ и да им се заканува на граѓаните на Прилеп, Мицкоски треба да му ги истегне ушите на својот неспособен сопартиец Јовчески.

Со истите методи со кои го кандиса да биде кандидат за градоначалник, да го убеди да поднесе оставка од престижната функција која со своето незнаење максимално ја девалвираше.

Најдобра потврда за отсуството на искрена желба и елементарно знаење да ги придвижи работите на подобро, е тоа што и после безмалку две години градоначалнички стаж, Јовчески сеуште зборува во идно време: ЌЕ направам, ЌЕ изградам, ЌЕ реализирам.

А досетливите прилепчани не за бадијала рекле дека “ЌЕ“ е идно време од глаголот “ЛАЖАМ“.

Од тие причини, најдоброто нешто што Борче Јовчески може да го направи за себе, за неговата партија и, првенствено, за граѓаните на општина Прилеп, е да поднесе итна и неотповиклива оставка од градоначалничката функција.

Со или без влечење за уши, сеедно.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ковачевски: Преголема моќ кај десничарска партија како ВМРО-ДПМНЕ значи крај на нашите ЕУ перспективи

Ако десничарска партија како ВМРО ДПМНЕ добие преголема моќ, тоа ќе стави крај на нашите …