украина

Русија со нов бран напади во јужна Украина, оштетена инфраструктура во Одеса

Русија започна нов бран напади со беспилотни летала рано утринава врз јужна Украина, оштетувајќи ја инфраструктурата во црноморското пристаниште Одеса, објавија регионалните власти и војската, додека Москва соопшти дека одбила напад со украински беспилотни летала врз нелегално анектираниот регион Крим, јавуваат странските медиуми.

Серхи Братчук, портпарол на воената администрација на регионот Одеса, изјави дека украинската воздушна одбрана одбила руски воздушен напад врз пристанишниот град, пишувајќи на Телеграм „Одеса: борбата за противвоздушна одбрана е во тек“.

Нападите следуваат по нападот на мостот што ја поврзува Русија со Крим, за кој Русија ги обвини беспилотните летала лансирани од Украина. Во нападите загина брачен пар кој одел на годишен одмор, а нивната ќерка е повредена.

Осудувајќи го нападот на мостот како терористички чин против критично важна транспортна врска, рускиот претседател Владимир Путин вети дека руската војска ќе одговори.

По таа осуда, Украина беше нападната од бран руски ракети во текот на ноќта и утринава – вклучително и во пристаништето Одеса, при што ракетните остатоци предизвикаа штета на пристаништето и приватните домови, соопшти државната администрација.

Од руската влада денеска соопштија дека мостот што ја поврзува Русија со Крим делумно е повторно отворен.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …