облачно време

Времето денеска нестабилно, за викендот променливо со локален пороен дожд во поплaднeвните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има умерен развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервалот од 16 до 24 степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, со сончеви периоди. Во попладневите часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Максималната температура ќе достигне 25 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …