Времето денеска со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места снег

Времето денеска со повремени врнежи од дожд, а на повисоките места снег

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност која во текот на денот повремено ќе се зголемува. Доцна попладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег, претежно во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до три, а дневната од пет до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, ќе дува ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.

За време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките места и на планините од снег. Врнежите ќе бидат со слаб, на места умерен интензитет, а на планините ќе се формира мала снежна покривка.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

обвинителство

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Маскиран со „фантомка“, влегол во казино во Лешок и со автоматска пушка, која на граѓаните …