Времето за викендот променливо – во сабота дожд, во недела разведрување и повисоки температури

Во текот на изминатата ноќ, температурата во нашата држава се спушти до -6 степени. Преку денот ќе биде променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието а температурата ќе се движи во интервалот од 5 до 12 степени Целзиусови.

Утре, сабота, не’ очекува облачно време, со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне 12 степени.

Во недела, во претпладневните часови времето ќе биде облачно, со локални врнежи од дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен до засилен североисточен ветер а дневната температура ќе биде во покачување и ќе достигне 16 Целзиусови степени.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …