Дождливо време

Врнежливо време со температури до 12 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, пообилни во утринските и претпладневните часови во источните делови од земјата, каде локално ќе бидат проследени со грмежи и засилен ветер. Поради заладувањето, на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец а максималната температура ќе достигне 12 степени Целзиусови.

До средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет, пообилни во понеделник. Снежната покривка, особено во западните делови ќе се зголемува. Дневната температура ќе се движи во интервалот од 2 до 8 степени Целзиусови.

Прочитајте повеќе

Мицкоски: Ќе се градат шест автопатски делници, Блаце-Скопје стартува овој месец

Мицкоски: Ќе се градат шест автопатски делници, Блаце-Скопје стартува овој месец

Ќе се градат шест нови автопатски делници, а проектот Блаце – Скопје почнува на крајот …