Гласачки ливчиња списоци

Втор изборен круг: Денеска гласаат болните, немоќните, лицата со Ковид-19, затворениците

Денес на вториот круг на Локалните избори гласаат болните и изнемоштените, како и граѓаните кои се во изолација поради ковид-19. Овој втор изборен викенд бројот пријавени болни и изнемоштени е поголем отколку во првиот круг. На пример во Охрид и Дебрца, правото на глас се пријавиле да го искористат 112 лица повеќе од 17 октомври, односно вкупно 311.

Освен болните и изнемоштени лица денес гласаат и затворениците и притворениците, вкупно 1409, 266 лица кои се сместени во установи за вонсемејно сместување, како и шест граѓани кои имаат статус на раселени лица.

Во вториот круг на овие локални избори, право на глас имаат 1 353 990 граѓани на 2481 избирачки места.

Утре вториот изборен круг ќе се спроведе во 44 општини.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …