операција

Втора трансплантација на црн дроб на Хируршките клиники

Откако вчера попладне семејството на пациентка во мозочна смрт даде согласнот за донирање рано утрово на Хируршките клиники започна експлантацијата на органите, соопшти Министерството за здравство.

„Нивната желба да подарат некому живот и здравје, денес донесе трансплантација на црн дроб, два бубрега и на коскени ткива. Благодарност до семејството од мое име и од името на сите екипи кои во изминативе 24 часа работеа и продолжуваат да работат“, истакна министерот за здравство д-р Беким Сали.

Тој истовремено искажа благодарност до сите медицински екипи кои изминатите часови работеа на подготовка на донорот, на реципиентите и во операциските сали.

„Нè радува тоа што сè повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите и да спасат некому живот. Новата година ја започнуваме со акт на хуманост и добрина. Со надеж и верба“, потенцира Сали.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прилеп: Наградата за владиката Петар ги избрка советниците на СДСМ и Коалицијата од свечената седница на Совет

Прилеп: Наградата за владиката Петар ги избрка советниците на СДСМ и Коалицијата од свечената седница на Совет

Соопштение за јавност на СДСМ по повод одлуката на мнозинството во Советот на општина Прилеп, …