Вучиќ и Тачи добија покана од Вашингтон за средба во Белата куќа на 27 јуни

Вучиќ и Тачи добија покана од Вашингтон за средба во Белата куќа на 27 јуни

Лидерите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, добија покана од Белата куќа за состанок на 27 јуни, со надеж дека Вашингтон ќе успее да ги унапреди преговорите за нормализација на односите меѓу двете земји. Специјалниот претставник на Доналд Трамп, Ричард Гренел, го закажа состанокот, откако Србија потврдила дека привремено ќе ја запре кампањата што ја води за убедување на државите да го повлечат признавањето на Косово. А, истовремено, Косово се согласило да паузира со своите активности за добивање поголемо меѓународно признание.

Гренел во понеделникот на Твитер напиша дека за состанокот во Вашингтон, добил потврда од властите на Косово и на Србија.

 

Претседателот Косово, Хашим Тачи, на денешната прес-конференција изрази убедување и оптимизам дека состанокот во Вашингтон ќе биде успешен за Косово. Како што пренесуваат медиумите од регионот, Тачи нагласил дека никој, под никакви околности нема да го загрозува територијалниот интегритет на Косово и повика да не се шират дезинформации за можна размена на територии.

– Косово секогаш им верува на САД и излегувало како победник – рече Тачи.

Истовремено, тридневна посета на Косово денеска има специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Одговарајќи на новинарско прашање, Тачи рече дека нема причина зошто не би се сретнале, доколку Лајчак доаѓа со нешто конкретно.

– Лајчак мора да биде јасен во две работи, либерализацијата на визниот режим и односите на земјите на ЕУ кон Косово. Ако го третира како независна и суверена држава, тогаш неговата мисија е успешна. Вашингтон беше јасен за овој процес за заемно признавање меѓу Косово и Србија, но и дека истовремено ќе продолжи со ангажманот за зачленување во меѓународни организации, посебно во ОН – нагласи Тачи.

Германскиот дипломат Волфгант Ишингер, доскоранешен амбасадор на САД во Германија и специјален претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, реагираше на Твитер, револтиран дека Ричард Гренел организира состанок со претставници на двете страни за 27 јуни во Белата куќа, без координација со ЕУ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …