Вакцина ковид

За 41,6 отсто зголемен бројот на грипозни во однос на изминатите 13 сезони

Изминатата недела е регистриран еден смртен случај во Штип, од возрасната група над 65 години, без коморбидитети, а лицето било позитивно на ковид 19

Бројот на лица со грип и заболувања слични на грип е покачен за дури 41,6 отсто споредено со изминатите 13 сезони, информира утрово Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во извештајот за состојбата со грип во државата. Изминатата недела е регистриран еден смртен случај во Штип, од возрасната група над 65 години, без коморбидитети, а лицето било позитивно на ковид 19.

„Во споредба со 42 недела од минатата сезона, се регистрира зголемување
од 96,3 отсто. Заклучно со оваа недела, пријавени се вкупно 151 случаи на грип. Освен тоа, се следи и состојбата со сериозни акутни респираторни инфекции, па така оваа недела пријавени се вкупно 32 вакви случаи, во Скопје и Штип. Најголем број на овие случаи се пријавени од Институт за белодробно заболување кај децата – Козле,  а во однос на возрасната дистрибуција, најголем број од случаите се деца на возраст до 4 години“, наведено е во соопштението на ИЈЗ.

Согласно извештајот на ERVISS (European Respiratory Virus Surveillance Sumary) објавен за 41-та недела, активноста на вирусот на грип е над базичната вредност во 8 земји од Европскиот регион на СЗО. Во споредба со 40-тата недела, вирусот на грипот останува со ниска активност, додека активноста на RSV и SARS-CoV-2 продолжува да се зголемува.

За сезоната 2023/2024, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 60.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 15.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction).

Вчера започна вакцинацијата против сезонски грип. Вакцинацијата ќе се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните подрачни единици и/или здравствените
домови. Вакцинацијата на здравствените работници ќе се спроведува во Институтот за јавно здравје. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб-страницата
www.vakcinacija.mk.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Владата ги утврди измените на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење

На вчерашната седница Владата утврди текст на Предлог на закон за изменување и дополнување на …