USB-C приклучок

Крај на кабелската џунгла – во Германија ќе се користат кабли само со USB-C приклучок

Стандардот USB-C од 2025 година ќе биде задолжителен за паметни телефони, дигитални камери, слушалки, таблети, преносни конзоли за видео игри, тастатури, е-книги, GPS уреди и звучници

Германија од 2025 година ќе воведе единствен стандард за полнење на мобилни уреди и на пазарот ќе останат само кабли со USB-C приклучок. Одлуката е во согласност со директивата на Европската Унија, пренесува германската новинска агенција ДПА.

Вчера владата на канцеларот Олаф Шолц одобрила нацрт-амандман на законот за стандардизација, соопшти Министерството за економија.

„Со измената на законот се избројани деновите на хаос со различни приклучоци за полнење телефони, таблети и лаптопи“, изјави министерот за економија Роберт Хабек.

„Универзалниот полнач на ЕУ ќе им го олесни животот на потрошувачите и ќе го намали количеството на електричен отпад“, додаде министерот.

Стандардот USB-C ќе биде задолжителен за паметни телефони, дигитални камери, слушалки, таблети, преносни конзоли за видео игри, тастатури, е-книги, GPS уреди и звучници.

За лаптопите, стандардот ќе важи од 2026 година.

Според податоците на министерството, жителите на ЕУ во 2020 година купиле околу 420 милиони електронски уреди. Секој корисник имал во просек по три типа полначи, од кои два редовно ги користел.

Оттаму, членките на ЕУ минатата година се договорија за стандардизација на полначите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

deepfake

Deepfake – лажни видеа направени со вештачка интелигенција за кои треба да бидеме загрижени

Мислите дека го гледате претседателот на Украина Володимир Зеленски како зборува и им кажува на …