За македонскиот идентитет и јазик нема да се преговара со никого, нашите идентитетски линии се јасно поставени

За македонскиот идентитет и јазик нема да се преговара со никого, нашите идентитетски линии се јасно поставени

Прес-конференција на СДСМ, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

По надминување на коронакризата, македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добар правец.

Доказ за тоа се официјалните економски показатели.

Според последните податоци од Државниот завод за статистика, во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, бележиме раст на извозот од 58,2 отсто во однос на истиот период лани.

Покрај растот на извозот, бележиме и раст на индустриското производството, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за април 2021 година е за 10 отсто поголема во однос на истиот месец од 2020 година.

Сето ова се показатели кои говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ.

Како одговорна партија, постојано сме посветени на мерки и политики кои го унапредуваат животниот стандард на граѓаните и придонесуваат за засилен економски развој.

Продолжуваме да работиме одговорно, во интерес на граѓаните, во интерес на домашната економија.

Одговор на новинарско прашање, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Одговор: На сите им е јасно дека за македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се преговара и не треба да бидат тема на преговори и никогаш не биле. Македонските идентитетски линии на сите граѓани секако и на целата меѓународна јавност им се познати, секојдневно потврдувани, секојдневно повторувани. Она на кое што ние ќе се посветиме во претстојниот период исто како во изминатиот период е на изнаоѓање решение со Бугарија и целосно посветени на интегративниот процес на државата кон ЕУ.

Прочитајте повеќе

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Филипче до членството: Сега повеќе од било кога ни е потребно единство

Носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р …