Билатерална видео-консултација Димитров - Довжан за презентација на приоритетите на Словенечкото претседавање со Советот на ЕУ

Билатерална видео-консултација Димитров – Довжан за презентација на приоритетите на Словенечкото претседавање со Советот на ЕУ

На барање на словенечка страна, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денеска имаше видео-средба со државниот секретар во МНР на Словенија, Гашпeр Довжан, на која разговараа за приоритетите на словенечкото претседавање со Советот на ЕУ во следните 6 месеци и вклучувањето на европското досие на Северна Македонија во тој контекст.

Димитров: „Европската перспектива на Северна Македонија и регионот не е само во интерес на овој дел од Европа туку и геостратешка потреба на Унијата во овој клучен период, јасно препознаена и во Брисел и во главните градови на земјите членки. Тоа кореспондира и со приоритетите на нашите словенечки пријатели за кредибилна и стабилна ЕУ како израз на процесот на европско обединување. Станува невозможно да се одржи европското влијание без одржување на зборот од европска страна – почеток на пристапни преговори за оние кои испорачаа, како што е македонскиот случај.”

Во таа насока, државниот секретар Довжан потенцираше дека регионот е вклучен во трите столба на словенечкото претседателство и процесот на проширување ќе биде истакнат како хоризонтално прашање за иднината на Европа, а особено внимание ќе биде посветено за продолжување на напорите на германското и португалското претседателство за надминување на пречките за одржување на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и продолжување на дијалогот со Бугарија во согласност со европските принципи и вредности. Словенечкото претседателство упати покана до ЗПВ Димитров за присуство на неформалниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ, кој што ќе се одржи на 22 и 23 јули во Брдо крај Крањ.

На средбата беше потенцирана и одличната билатерална соработка изразена преку техничката помош што Северна Македонија ја добива од Словенија во усогласувањето со европските стандарди и политики, како и подготовката на националната верзија на правото на ЕУ.​

Прочитајте повеќе

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

По „стоти пат“ – Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев е Бугарин

Драган Ковачки во дебата на национална телевизија ја повтори „по стоти пат“ невистината дека актуелниот …