За новогодишната ноќ Крушево „окупирано“ од туристи

За новогодишната ноќ Крушево „окупирано“ од туристи

За дочекот на новогодишната ноќ, Крушево го посетија 1.500 луѓе гости претежно од нашата држава. Сместувачките капацитети беа исполнети речиси до последниот кревет, во кафулињата и рестораните се бараше место повеќе, а на настапот на Викторија Лоба на градскиот плоштад присуствуваа околу 500 граѓани.

За време на Новогодишната ноќ, градоначалникот Томе Христоски ги посети дежурните служби, од каде испрати порака дека вработените во службите се грижат за безбедноста и здравјето на граѓаните во сите 365 денови од годината.

Во текот на викендот што претстои, за Бадник и Божик, Крушево очекува уште еден „наплив“ од туристи, најмногу заради чистиот воздух, препознатливоста на градот како туристичка дестинација и богатата културна и забавна понуда на општината. Еден од таквите настани е „Дева – во чест на Новото раѓање“ кој ќе се одржи на 5-ти јануари, празник и традиција карактеристични само за Крушево и Витлеем. Во тие рамки, во организација на „Крушевска жена“ ќе се одржи и Божикен базар.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …