За скандалот „Kражба“ и срамниот однос кон граѓаните Милошоски да поднесе оставка и да се извини

За скандалот „Kражба“ и срамниот однос кон граѓаните Милошоски да поднесе оставка и да се извини

Прес-конференција, Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Јавно достапни документи потврдија дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски бил осудуван и казнет за кривични дела „кражба“ и „фалсификување“ во Германија.

Наместо да им се извини на граѓаните и да понесе одговорност, за овој голем срам за него и за ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски дополнително влезе во нови лаги.

Секој пратеник избран од граѓаните мора да покаже одговорност најпрво пред оние кои го ибрале.

За овој скандал и срамен однос кон граѓаните и државата Антонијо Милошоски треба да поднесе оставка и да се извини.

Особено што против него и пред домашните судови се води предмет каде се сомничи дека сторил измама и злоупотреба на службената положба и овластувања.

Тоа што актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ застана целосно зад Милошоски покажува дека во оваа партија ништо не се променило. Тие се уште се заглавени во режимската матрица.

Наместо на страната на правдата, на страната на реформите на судството, ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието, но и надвор од него, се постави во одбрана на криминалот.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ со сите сили работеше да го закочи, да го блокира носењето на Законот за јавно обвинителство. Затоа собраниската говорница беше злоупотребена за лажни вести и дезинформации.

Затоа блокираат закони кои се важни за подобрување на животот на граѓаните.

Ова е голем срам за ВМРО-ДПМНЕ. Како ќе им погледнат на граѓаните во очи, фатени во нивните лаги и невистини? Со кое лице? Со кој образ?

Сигурни сме дека и во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ има голем број пратеници кои го осудуваат ваквиот начин на однесување.

Ваквиот неоговорен начин на делување го нарушува и нивниот дигнитет.

Собранието постои за граѓаните и пратениците треба целокупните свои активности да ги насочат кон итересите на граѓаните.

Затоа оставка и извинување од Милошоски се прв и неопходен чекор.

Прочитајте повеќе

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Филипче: Земјоделците најмногу добиваат од членството во ЕУ

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, д-р Венко Филипче, денеска е …