Заедничка изјава од стратешкиот дијалог САД - Северна Македонија

Заедничка изјава од стратешкиот дијалог САД – Северна Македонија

На 2 јуни 2022 година, владите на Соединетите Американски Држави и Северна Македонија одржаа Стратешки дијалог во Вашингтон, фокусиран на продлабочување на билатералното партнерство. Стратешкиот дијалог го предводеа министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи и помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, д-р Карен Донфрид. Тие ги потврдија силните односи меѓу нивните две земји и заедничкото унапредување на заедничките приоритети за безбедност и просперитет на билатерален план, на европскиот континент и во целиот свет.

Регионални иницијативи

Соединетите Држави и Северна Македонија ја истакнаа нивната силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и слободата да ја следи нејзината избрана европска иднина. Тие ја повикаа Русија веднаш да ја прекине својата непредизвикана војна и целосно да се повлече од Украина. Соединетите Држави и Северна Македонија ја потврдија својата посветеност на регионалната интеграција на Западен Балкан преку политички, економски и безбедносни иницијативи и ја истакнаа својата поддршка за економската интеграција и просперитетот на Западен Балкан. Соединетите Американски Држави ја истакнаа важноста за унапредување на процесот на пристапување во ЕУ за Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро. Тие го поддржаа конструктивното вклучување на Северна Македонија во регионалните иницијативи за стабилност и безбедност, вклучувајќи ги Иницијативата VIII и Б6, иницирани од Северна Македонија, како и намерата на Северна Македонија да стане членка на Иницијативата за три мориња. Соединетите држави со нетрпение очекуваат да ја поддржат работата на Северна Македонија кога таа ќе го преземе претседавањето со ОБСЕ во 2023 година.

Одбрана и безбедност

Како најнов сојузник на НАТО, Северна Македонија ја истакна својата посветеност за промовирање мир и стабилност на европскиот континент. И Соединетите Држави и Северна Македонија ја истакнаа стратешката важност од развивање на одбранбени капацитети од висока класа, спроведување билатерални вежби и активности за обука за подобрување на интероперабилноста и подготвеноста, како и важноста од исполнување на обврските на НАТО за поддршка на колективната безбедност. Соединетите Држави ги признаа достигнувањата на Северна Македонија во однос на модернизацијата и опремувањето на нејзините вооружени сили со напредни воени средства, како и напорите за унапредување на нејзината сајбер-безбедност и сајбер-одбранбени капацитети. Соединетите Американски Држави го пофалија развојот на областа за обука Криволак во Северна Македонија за да им служи на сложените обуки на сојузниците и партнерите во НАТО. Соединетите Држави го поздравија потпишувањето на Северна Македонија на Договорот од 1951 година за статусот на организацијата на Северноатлантскиот договор, националните претставници и меѓународниот штаб (исто така познат како „Договор од Отава“). Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја потврдија својата соработка во рамките на САД – Јадранската повелба (А5), како единствена платформа за регионална соработка, и со нетрпение очекуваа тесна соработка за време на претстојното претседавање на Северна Македонија со Повелбата во 2023 година.

Енергија и животна средина

Двете земји ја повторија својата посветеност за зголемување на енергетската диверзификација и независност во поддршка на националната безбедност и на начин што ќе ги спречи најлошите влијанија од климатските промени со задржување на дофат на границата од 1,5 Целзиусови степени на пораст на температурата. Соединетите држави и Северна Македонија ја повторија својата посветеност за зајакнување на партнерството во транзициското и производството на обновливи извори на енергија. Северна Македонија ги повтори своите заложби дека постепено ќе го исфрли јагленот до 2030 година и ќе придонесе за целта на Глобалното ветување за метан за 30 отсто намалување на глобалните антропогени емисии на метан до 2030 година од нивоата во 2020 година.

Врски меѓу луѓето

Соединетите Американски Држави и Северна Македонија ја потврдија својата посветеност да ги прошират образовните, културните и професионалните размени кои поттикнуваат меѓусебно разбирање меѓу луѓето од двете нации и ги одразуваат заедничките вредности, аспирации и цели. Соединетите Држави ја пофалија Северна Македонија што ѝ се приклучи на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот како полноправна членка во 2022 година. Двете земји со нетрпение очекуваат да ја зајакнат промоцијата на образованието и историски точното сеќавање.

Билатерална соработка, добро владеење и владеење на правото

Двете земји се посветени на промовирање на демократијата, владеењето на правото и човековите права и на регионално и на глобално ниво, и се надоврзуваат на ветувањата дадени на Самитот за демократија чиј домаќин беше претседателот Бајден. Годината на акција е можност за двете земји да ги спроведат заложбите на Самитот и да продолжат со напорите за зајакнување на демократијата дома, регионално и глобално. Соединетите Држави го поздравија интересот на Северна Македонија да стане земја партнер со Глобалната програма за влез на Царината и заштитата на границите на САД.

Трговија и инвестиции

Двете земји ја потврдија заедничката посветеност за проширување и продлабочување на билатералната економска и комерцијална соработка. Соединетите Држави ја препознаа Северна Македонија како стратешки важен пазар во развој со висок понтецијал. Северна Македонија и Соединетите Американски Држави изразија подготвеност да ги искористат комерцијалните можности, да ги унапредат реформите во деловната клима и да продолжат со идентификување и намалување на бариерите за трговија и инвестиции.

Прочитајте повеќе

Кузеска за ДПМНЕ

Кузеска: За само100 дена ДПМНЕ ја загрози безбедноста на граѓаните и создаде несигурност по улиците

Во изминативе 100 дена, откако ВМРО-ДПМНЕ е на власт, безбедноста е на многу ниско ниво, …