Заев апелира до општините да ги искористат парите наменети за капитални инвестиции

Во 2019 година за рамномерен регионален развој издвоивме за 100 отсто повеќе пари во однос на 2017, или за над 50 насто повеќе во однос на 2018 година, рече денеска премиерот Зоран Заев на конференцијата „Децентрализација: Патот што претстои“, во организација на ЗЕЛС и ОБСЕ.

„Од 3,5 милиони евра во 2017 та година, за наредната година за проекти за рамномерен регионален развој во планските региони и во општините, се обезбедени седум милиони евра. Наша цел е овие средства континуирано да се зголемуваат се до целосната трансформација и целосното насочување за реализација на Законот за рамномерен регионален развој по кој треба да се обезбедат законските еден процент од БДП со зафаќање од капиталните инвестиции кои што би се распределувале според степенот на развиеност во сите плански региони“, изјави Заев.

Тој додаде дека се работи и на тоа да се обезбедат 70 милиони евра од Светска банка за изградба и реконструкција на локални патишта и 50 милиони евра од Европската инвестициона банка за изградба и реконструкција на водоводи и канализации.

„Станува збор за кредитни линии кои ќе станат оперативни уште почетокот на 2019. Во овој процес е важно општините да имаат изработено квалитетни и ревидирани проекти кои ќе ги доставуваат до Министерството за транспорт и врски за да можат да повлекуваат повеќе пари од кредитните линии и да започнат со реализација на проектите. Токму преку овие најсериозни капитални инвестиции во локални патишта, водоводи и канализации, градинките и училиштата имаме намера паралелно со еднократната финансиската помош да ги стабилизираме општините, за да може државата да смета на овој сериозен капацитет кој што за жал во Македонија се уште не е соодветно, ниту пак доволно искористен“, додаде Заев.

Во тек е проект на изградба на канализациони и водоводни мрежи од ЕИБ во висина од 50 милиони евра, од кои остануваат уште помеѓу 10 и 12 милиони евра за реализација.

„Апелирам до општините да ги искористите овие пари. Кредитите не ги враќате вие, Владата, односно државата ќе ги враќа овие кредити и треба да се искористат овие квалитетни средства. Во 2019 година ќе станат оперативни и средствата од „ТАВ Македонија“, тоа се повеќе од 35 милиони евра. Завршуваме со анексот на договорот со „ТАВ Макеодонија“, ќе ги помине сите правни процедури, очекувањата се дека до 15-ти јануари за да може алокацијата на тие 35 милиони евра на транспарентен начин да бидат распределени за тригодишни проекти на сите општини пак за вододовди, канализации, детски градинки, за училишта и за некој од сортските сали во училиштата“, додаде Заев.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

медицина лекар

Младите лекари добија зелено светло – почнуваат со платената пракса што ја чекаа со месеци

Битката на младите лекари конечно вроди со плод – Министерството за финансии одобри средства за …