Заев: Градиме праведна држава, нема да оставиме некој да си игра со правосудството

Заев: Градиме праведна држава, нема да оставиме некој да си игра со правосудството

На вчерашната централната трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје, претседателот на СДСМ, Зоран Заев истакна дека нема повеќе изговори и одолговлекување во носењето на правдата во Северна Македонија

„Донесовме се што требаше да биде донесено од извршната власт и Собранието. Нема да оставиме сега некој да си игра играчка со македонското правосудство. Судиите и обвинителите носат еднаква одговорност како и другите две власти. Мора да го прочистите судството за оние чесните да можат да ги гонат сите кои се огрешиле пред законот.

Ви ветувам со целиот мој интегритет. Секој што застарува предмети ќе биде автоматски разрешен. Во првите 100 дена формираме експертска комисија за прочистување во правосудството. Ви гарантирам дека ќе се направи комплетна и темелна проверка на имотот и материјалната состојба на секој судија и обвинител”, истакна Заев.

Прочитајте повеќе

Спасовски: Мицкоски треба да каже дали продолжуваме кон ЕУ или има алтернатива

Спасовски: Мицкоски треба да каже дали продолжуваме кон ЕУ или има алтернатива

„Факт е дека ние имаме застој во евроинтеграцискиот процес. За СДСМ тоа не е неочекувано. …