Во синоќешното гостување на емисијата „360 степени“ на Алсат, премиерот Заев рече дека Никола Груевски ќе биде вратен во Македонија. Во тој контекст, Заев го посочи примерот со поранешниот хрватскиот премиер Иво Санадер, кој откако во 2010 година беше осуден за корупција избега од Хрватска, но после една година беше фатен и им беше испорачан на хрватските власти.
„Се’ што сум рекол, така ќе биде. Јас кажувам дека Груевски ќе биде вратен! Заради тоа што и меѓународната легислатива и законите се на наша страна. Ќе биде вратен! И Санадер избега па беше вратен“, изјави Заев во синоќешното гостување на Алсат.