Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Заев: Не смееме да дозволиме да немаме Парламент за ратификација на Протоколот за НАТО

Премиерот Зоран Заев смета дека 12 април како датум за одржување на предвремените парламентарни избори треба да се задржи, но се остава можност за какви било промени, пред се заради ратификацијата на Протоколот за прием на државата во НАТО.

– Сите 29 земји членки го ратификувале Протоколот и кога ќе дојде до Република Македонија да го ратификува не смееме да дозволиме да немаме парламент -рече Заев.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери на средбата со нивнарите информираше дека Собранието ќе се распушти 60 дена пред одржување на изборите на 12 април, односно на 11 февруари.

Во однос на ратификацијата на Протоколот за НАТО, Џафери рече дека по распушатењето нема можност за свикување на Собранието. За ратификација на Протоколот ќе треба да се чека новиот парламентарен состав.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …