Заев очекува до крајот на месецот да пристигнат 300.000 вакцини

Заев очекува до крајот на месецот да пристигнат 300.000 вакцини

Со повеќе од 300.000 вакцини очекуваме да го завршиме месецот, одговори на новинарско прашање премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата која ја одржа со министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Очекуваме да стигнат првите вакцини од 651.000 од Европската унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100 илјади. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат од 20 до 25 илјади од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас туку и од испорачателот,“ рече Заев.

Освен вакцините од ЕУ за Западен Балкан, се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од „Фајзер/Бионтек“, со кој државата има договор за 800.000 вакцини, како и втората пратка преку КОВАКС механизмот која исто така треба да пристигне во тек на овој месец.

Според Заев, се очекува да стигнат и 200.000 кинески вакцини планирани за овој месец, како и значителна количина од „Спутник V“, за кои има договор за 200.000.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …