Започна вакцинацијата на наставниот кадар од прво до трето одделение

Започна вакцинацијата на наставниот кадар од прво до трето одделение

Започна вакцинацијата на наставниот кадар во основното образование од прво до трето одделение кој држи часови со физичко присуство, како дел од масовното вакцинирање во салата „Борис Трајковски“.

„Вакцинацијата на наставниците започна од вчерашниот ден и продолжува во наредниот период. Станува збор за етапно вакцинирање при што од страна на здравствените работници се повикуваат наставниците со однапред закажан термин и час“, велат од Министерството за образование и наука.

Оттаму информираат дека во овој период на територија на целата држава има 57 инфицирани ученици и 130 наставници кои следат и изведуваат настава со физичко присуство.

Од министерството за образование и наука апелираат до наставниците да се пријавуваат за вакцинација со цел побрзо сузбивање на корона вирусот.

Прочитајте повеќе

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Стабилизирање на времето со температури до 28 степени

Денеска преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во планинските …