Заев од Охрид: Новиот објект на Зелениот пазар значи модернизирање на условите за пазарџиите

Заев од Охрид: Новиот објект на Зелениот пазар значи модернизирање на условите за пазарџиите

„Новиот објект на Зелениот пазар во Охрид значи модернизирање на условите за работење за пазарџиите, исполнување на стандардите за трговија со земјоделски и прехранбени производи и подобрување на услугите на граѓаните и компаниите од подрачјето на Општина Охрид“, рече претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев на денешниот настан по повод новиот објект на Зелениот пазар во Охрид.

Согласно стратешките определби за развој и унапредување на Локалната самоуправа, новата административна и деловна трговска зграда во која се содржи и нов затворен Зелен пазар, се изгради преку формирање на Јавно-приватно партнерство, помеѓу Општина Охрид и АД „Илинден“, Струга.

„Овој објект со површина од 6.779 м2, одговара на потребите на пазарџиите со капацитет за  190 нови тезги уредени по современи хасап стандарди. Со соодветните решенија со пристапни рампи, овој современ објект ги исполнува и условите за пристап на лицата со посебни потреби“, истакна премиерот Заев и додаде дека освен за трговија и снабдување, пазарите се движечки трговски и економски субјекти, за кои Владата обезбедува поддршка преку економски политики, кои даваат резултати со зголемување на личната потрошувачка и зголемување на профитот.

„Го слушнавме и гласот и реакциите на граѓаните трговци на зелените пазари и донесовме одлука да престане важноста на Законот за трговија на зелените пазари. Прифативме дека примената на овој закон ќе предизвика социјални и финансиски последици за трговците на зелените пазари, и дека ќе се одрази на поширок сегмент на засегнати граѓани. Затоа ја донесовме оваа одлука во интерес на граѓаните“, заокружи премиерот Заев и потенцирање дека целта е да се врати оптимизмот кај граѓаните, да се интензивира потрошувачката, која на малите трговци и компании ќе им ги врати инвестициите и ќе им донесе и заработувачка.

Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески рече дека станува збор за крупен проект реализиран по пат на јавно – приватно партнерство, со површина од 6.779 м2, со подземен јавен паркинг од 2.433 м2, технички одделенија и деловни и заеднички простории на првиот и вториот спрат, најавувајќи и други проекти, кои се значајни за Охрид и охриѓани.

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …