Заев од седницата за пратенички прашања: Апелирам сите политички чинители да го поддржат пописот, повиците за бојкот се атак врз својот народ

Заев од седницата за пратенички прашања: Апелирам сите политички чинители да го поддржат пописот, повиците за бојкот се атак врз својот народ

Претседателот на Владата, Зоран Заев, на седницата за пратенички прашања во Парламентот, повика на одговорност од сите политички субјекти и поддршка на претстојниот попис.

„Апелирам на одговорност од сите, оваа работа треба да ја завршиме сите. Оној кој ќе апелира за седење дома, или тајно ќе работи во таа насока, прави атак врз својот народ и својата етичка заедница“, оцени премиерот Заев.

Тој рече дека „не е патриотски да се бојкотира“, туку „пописот е патриотски чин“, бидејќи во графите за попис стои Македонци, добиваат можност да се попишат Албанците, Турците, Бошњаците, Србите, Ромите и ги повика сите да излезат да се попишат.

„Патриотски е и сите политички чинители, од која било партија и етничка определба, најгласно што можат, да испратат порака за поддршка на пописот, како сопствен највисок чин на одговорност и придонес кон оваа исклучително важна државна статистичка операција. Ако велиме дека е најважно граѓаните на Северна Македонија да се попишуваат, очекуваме пораката за задолжително учество во пописот да ја испратат и сите домашни политичари – вклучително и политичарите од домашната опозиција. Пописот е операција околу која треба сите да се обединиме за да дадеме максимален придонес. Тоа е должност кон семејството, заедницата, државата. Каде ни е одговорноста кон татковината?!“, порача премиерот Заев.

Тој објасни дека пописот е многу важен бидејќи државата со години ги нема точните податоци врз основа на кои ќе се креираат социјални политики, пензиска политика, раст и развој на земјата, инвестициите.

„Важам за човек кој прави договори и сака да прави компромиси. Но согласно законот и подзаконските акти е опишано дека помалку од 10 минути трае попишувањето. Вакцини има секаде низ светот, па бројките се поголеми. Светот нема одговори на 50 проценти од прашањата со пандемијата. Ако некој гарантира дека за година, две, есента, ќе имаме добри услови, немаме намера да водиме инает. Најлесно е да се блокира и да се одложи“, додаде премиерот Заев, повикувајќи на свест и совест за поддршка и спроведување на важната статистичка операција – пописот.

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …