Собранието проработе – власта и опозицијата постигнаа консензус

Собранието проработе – власта и опозицијата постигнаа консензус

Државните интереси конечно добија предност пред партиските. По неколку неделна блокада на работата на собранието мнозинството и опозицијата успеаја да постигнат консензус и да се договорат, по кратка постапка, да се гласаат 4 клучни точки, 3 поврзани со петиот пакет економски мерки за справување со пандемијата, како и точката за продолжување на кризната состојба на дел од територијата на земјата.

„Да останат овие 4 точки, да се закаже комисија за финанисрање и буџет и да прекинеме со нашите игри со кои сме здодевни на македонската јавност. Очекувам поддршка од останатите пратеници“ изјави Никола Мицевска, ВМРО-ДПМНЕ.

„Благодарам на опозицијата што победи разумот, се врати во салата за да ги гласаме овие закони важни за граѓаните и за економијата“ вели Јован Митревски, СДСМ.

Усогласувањето на ставовите во интерес на државата го поздрави и спикерот.

„Работите и нештата за функционирање на Собранието треба да се одвиваат внатре, во Законодавниот дом, а не надвор“ вели Талат Џафери, претседател на Собранието.

Но, не течеше се така „мазно“. Денот Џафери, наместо да го почне со пратенички прашања, реши да го стартува со седница на која беше закажан антикризниот пакет-мерки. Опозицијата тоа го нарече обид за криминална седница и правење циркуз во парламентот.

Следеше координација на која беше постигнат договор опозицијата да ги повлече своите точки и да останат само клучните 4. Епилогот од денешните случувања покажа дека ако се има основна политичка волја можат да се решаваат недоразбирањата.

Сепак, останува впечатокот дека Собранието во суштина е нефункционално – прашањето е како тоа да се промени? За ова спикерот разговарал со премиерот. Џафери и Заев, како што се вели во соопштението, заклучиле дека „парламентарната дебата останува во Собранието меѓу пратеничките групи и претставниците на политичките партии и така треба да продолжи и да се изнајде соодветно процедурално решение за продолжување на работата на Собранието“.

Иако во медиумите се најавуваше како можна опција, Џафери денеска ја отфрли како неприфатлива и неизводлива опцијата Собранието да прогласи вонредна состојба како решение за надминување на блокадата.

Извор: Глас на Америка

Прочитајте повеќе

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај, Меѓународниот ден музеите

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое утре ќе се одбележи Меѓународниот ден …