По две години застој, пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп

По две години застој, пролетва треба да продолжи изградбата на првата фаза од патот Градско-Прилеп

Наредните денови треба да се потпише договорот со најповолниот изведувач што треба да ја доврши изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп на кракот Д од Коридорот 10. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека до крајот на март годинава треба да се избере компанијата-изведувач. Извештајот од евалуациите на понудите е испратен до Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) на разгледување и на издавање одобрување.

Изградбата на експресниот пат од Фаришката до Дреновската клисура долг 10 километри треба да се заврши во рок од две години, односно најдоцна до пролетта 2023 година. Изведбата на првата фаза започна во 2016 година, но запре на процент на изграденост од околу 35 отсто во март 2019 година, откако тогашниот изведувач „Конструксионес Рубау С.А“ најави напуштање на договорот за изведба на овој експресен пат.

Од ЈП за државни патишта засега не ја објавуваат цената на довршување на првата фаза од експресниот пат, дополнувајќи дека треба да се почека потпишувањето на договорот со изведувачот. Инаку, ЕБОР го објави меѓународниот тендер за избор на изведувач на проектот на почетокот од септември годинава.

Експресниот пат меѓу Фариш и Дреново е прва фаза од целосната изградба на новиот пат меѓу Градско и Прилеп, и воедно, истата е најсложена за реализација. Оваа делница треба има по една сообраќајна лента во секој правец од по 3,5 метри, како и по една помошна лента за застанување од по 2,5 метри, со што ќе се зголеми брзината на движење на возилата и безбедноста во сообраќајот.

Инаку, во поглавјето 21 за ТЕН-Т коридорите што минуваат низ земјава, Европската Комисија во последниот Извештај за напредокот на нашата земја за 2020 година критикуваше дека доцни довршувањето на патните делници од кракот Д на Коридорот 10 што минува низ земјава, чија траса започнува во Градско и преку Прилеп, Битола и Флорина, завршува во грчкото пристаниште Игуменица.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Прв работен ден за новата Влада – резултати или само ротација на кадри?

Новата власт, која најавува видливи резултати, економијата и животниот стандард на граѓаните ги стави меѓу …