Заев: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните кои гласале “ЗА“, во спротивно одиме на избори

Заев: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат волјата на граѓаните кои гласале “ЗА“, во спротивно одиме на избори

Во вечерашната изјава за медиумите дадена 30 минути после затворањето на гласачките места, премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, ја даде следната изјава:

„Гласот даден на референдумот е конечен, а волјата на граѓаните е неприкосновена и мора да биде почитувана од сите. Во демократијата, одлуките се носат со гласање. Име честитам на сите граѓани. Денеска имавме успех за демократијата и успех за европска Македонија. Успехот е заеднички, на нашата земја и на сите граѓани, без разлика на организираниот бојкот од страна на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, секако со чесни исклучоци. Очекувам дека огромно мнозинство од граѓаните кои гласаа, го избрале европскиот пат за Македонија.

Гласот на граѓаните, волјата на оние кои гласаа на овој консултативен референдум, треба да се претвори во политичка активност во законодавниот дом. Ако навистина како што очекуваме сите, имаме видливо, големо, огромно мнозинство ‘ЗА’ од тие што гласаа, тогаш јасна е иднината. Гласот на пратениците во Собранието, треба да биде глас за одлучно и одговорно да ги забрзаме процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ и за подобар живот на нашите деца и на сите граѓани на Македонија.

Очекувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да ја почитуваат демократската одлука на мнозинството граѓани кои гласале, во спротивно нема друго, ќе треба да ја употребиме другата демократска алатка, а тоа значи предвремени парламентарни избори веднаш. Почитувани граѓани, јас ќе продолжам да ја водам нашата земја напред, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ“.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …