Заев: Решение за името е добро и за Македонија, и за Грција и за ЕУ

Заев: Решение за името е добро и за Македонија, и за Грција и за ЕУ

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска во Софија изјави дека очекува спорот за името со Грција наскоро да биде решен и оти тоа би било добро и за Скопје и за Атина и за ЕУ.

Заев смета дека сега се најголеми шансите овој долгогодишен проблем конечно да биде затворен, што и би го отворило патот на Македонија кон ЕУ. Сепак, истакна дека тој проблем трае повеќе од 25 години и ако бил лесен за решавање, некој досега би го решил.

– Убеден сум дека проблемот може да биде решен за доброто на Грција, на Македонија, и на ЕУ. Целта ни е до јуни да добиеме датум за преговори со ЕУ. Тоа не значи дека не можеме да го решиме и во март. Колку побрзо толку подобро – оцени Заев, кој во Софија учествуваше на состанокот на лидерите од Западен Балкан со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер .

На новинарско прашање за протестите во Скопје против преговорите за името со Грција и Договорот за добрососедство со Бугарија, Заев рече дека „Македонија е демократска земја, секој има право да протестира, но оти Владата мора да се грижи за добрите перспективи на сите граѓани“.

Во врска со европерспективата на Македонија и другите земји од регионот, македонскиот премиер рече дека земјите членки на ЕУ не треба да се плашат од Балканот, напротив можат да имаат корист од проширувањето на Унијата.

– Државите од Балканот имаат европски вредности и можат да бидат добар партнер на земјите членки на ЕУ – рече Заев и изрази задоволство од засилениот ангажман на Брисел во регионот и од средствата што ги издвојува за земјите од Западен Балкан.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …