Мицкоски: Не се пазариме со власта за Законот за употреба на јазиците

Мицкоски: Не се пазариме со власта за Законот за употреба на јазиците

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ги отфрли шпекулациите во јавноста дека со власта се „пазареле“ да го одблокираат носењето на Законот за употреба на јазиците, а за возврат, притворените за настаните во Собранието на 27 април да бидат ослободени.

– Такво нешто апсолутно нема. Ние како опозиција мораме да ја релаксираме политичката атмосфера во државата. Но, како што велат дел од претставниците на меѓународната заедница, најодговорна за овозможување на демократски амбиент и опозицијата да се чувствува комфорно е – владата. Владата е на потег, ние како опозиција сме тука ќе бидеме конструктивни – одговори Мицкоски на новинарско прашање во Стопанска комора на Македонија.

Во однос на изјавата на претседателот на Собранието, Талат Џафери дека наскоро се очекува решение за Законот за јазиците, Мицкоски рече дека „решението е во тоа законот да се повлече од собраниска процедура“.

– Потребно е законот да се повлече од собраниска процедура, да се формира работна група и во неа би учествувале сите парламентарни партии, би ја повикале експертската јавност, претставници од МАНУ, на кабинетот на претседателот и да направиме тело кое би било уставно а потоа применливо. Ако некој навистина и мисли добро на националноста која е дел од Македонија, треба да води сметка и за чувствата на останатите националности кои живеат во Македонија – додаде Мицкоски.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …