Заев со децата од театарската група „Ветерница“: Домашниот бренд „Европа“ е нашата Европа дома

Заев со децата од театарската група „Ветерница“: Домашниот бренд „Европа“ е нашата Европа дома

Денеска претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со децата од театарската група „Ветерница“ беа на предновогодишна посета на производствените погони на фабриката за чоколадо, бонбони, вафли и локум „АД Европа“.

Во продолжение ви ја пренесуваме во целост изјавата на премиерот Заев.

„Во овој период од годината, изминатите години секогаш заедно, со што поголем број деца се дружевме и се гушкавме посакувајќи си здравје, среќно детство и исполнување на сите желби.

Годинава нè затекна сите во сосема поинакви услови, и поради пандемијата од корона вирусот не можеме со повеќе дечиња да ја посетиме фабриката за кондиторски производи АД „Европа“.

Но, затоа Владата обезбеди новогодишни подароци за сите 126 деца кои живеат во 23 групни домови низ државата, како и во Дневниот центар за деца на улица и Прифатен центар за бездомни деца. Подароците содржат и книги, боенки, сликовници, кои ќе им бидат доставени на нивните адреси.

Денеска заедно со децата од театарската група „Ветерница“, во фабриката за чоколади, кои се најомилени, поминавме еден прекрасен дел од денот, кој нè наполни со енергија.

Овие креативни деца се дел од нашиот најголем, највреден потенцијал за кој навистина вреди да се создава.

Како Влада посветени сме на поттикнувањето и развивањето на децата, да им дадеме слобода за правилно изразување  на нивните способности,  чувства, креативност, снаодливост, да ги оспособиме за донесување на храбри одлуки во животот. Едноставно да одат низ животот самоуверено и сигурно.

Врз основа на европски стандарди воспоставени овде дома, во образованието, науката, социјалата. Само така ќе имаме вистински млади луѓе кои подоцна ќе бидат вредни работници, кои ќе донесат просперитет и благосостојба за себе и за другите.

Се наоѓаме во „Европа“. Домашна компанија која постои еден век, поточно од 1882 година. Насочена е кон постигнување на современите трендови и во потрага за остварување на најдобрите практики, со почитување на највисоките стандарди на купувачите. Прерасна во модерна фабрика за производство на чоколади, бонбони, вафли и локум, постојано ребрендирајќи ги сите свои производи, следејќи ги модерните и највисоки технологии за производство и иновации.

Ја користам приликата да им го честитам новиот бренд, кој го носи името на годината на основањето „1882“ а тоа е „Премиум чоколадото“ со врвни состојки.

Ориентирана кон вистинските, европски вредности, однесувајќи се општествено одговорно, оваа компанија покажа грижа и соработка и кон вработените, приклучувајќи се кон иницијативата за скратено работно време за родителите со породилно искуство.

Почитувани,

АД „Европа“ е прва македонска производствена компанија која го доби одобрението за овластен економски оператор за сигурност и безбедност, и која ги има преземено сите потребни мерки за заштита на своето работење и со тоа е сигурен учесник во меѓународниот трговски синџир на снабдување како од државните така и од деловните партнери, што преставува нов тренд во ЕУ и ЦЕФТА регионот.

Фабриката „Европа“ е нашата Европа дома. Таа е еден од нашите потенцијали кои успешно растат и се успешни и конкурентни на регионалните и европски пазари.

Честитајќи ги Новогодишните и Божиќните празници, сакам да ви посакам здравје, за вас и вашите најблиски.

Заедно со честитките се и желбите за почитување на актуелните мерки за заштита од вирусот КОВИД-19 и во очекување на вакцината против овој вирус да ја надминеме здравствено-економската криза и да продолжиме да работиме успешно за просперитет на сите граѓани на Северна Македонија!“

Прочитајте повеќе

Филипче

Филипче одговори што ќе му е политика (ВИДЕО)

Д-р Венко Филипче во кратко видео објавено на неговата Фејсбук страница вели дека секогаш ќе …