Заев за „Слободна ТВ“: Заканите за укинување на Договорот од Преспа се закани и за иднината на земјата
qrf

Заев за „Слободна ТВ“: Заканите за укинување на Договорот од Преспа се закани и за иднината на земјата

Заканите на лидерот на опозицијата дека со двотретинско мнозинство во Собранието ќе го укинел Договорот од Преспа значат укинување на нашето членство во НАТО и запирање на процесот за добивање старт на преговорите со ЕУ. Тоа е спротивно на стратешките интереси на нашата земја и крај на целиот прогрес што го оствари Северна Македонија во овие изминати две и пол години, истакна Зоран Заев во интервју за порталот „Слободна ТВ“.

„Стравувам дека Мицкоски реално ќе го направи тоа, затоа што има разлика меѓу него и Мицотакис. Мицотакис знаеше дека договорите мора да се почитуваат и спроведуваат, Мицкоски не го вели тоа. Наивно, па дури и глупаво е да се враќаме назад. Затоа јас велам дека нема да дозволиме да се врати режимот, зашто ништо не покажува дека е изменето нешто кај опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ. Ние сме тука јасно и гласно да укажеме дека тоа се штетни политики кои ќе донесат сериозни последици за земјата“, рече Заев во интервјуто за „Слободна ТВ“ и додаде дека очекува големо мнозинство од граѓаните да ги препознае штетните политики на опозицијата и да го даде гласот за продолжување на политиките и  насоката која не води кон иднината.

Во интервјуто за порталот, Заев рече дека со најавите за брзо формирање на владата во Шпанија е блиску и конечната завршница на ратификацијата на Протоколот за членство на земјата во НАТО и дека останува убеден дека иницијативата за забрзување на соработката на земјите членки на Западен Балкан е чекор напред кој ќе го скуси процесот за членството во ЕУ бидејќи голем дел од обврските што не очекуваат за време на преговорите, ќе бидат решени низ овој процес.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …