Заев заминува, на 12 декември СДСМ ќе бира нов лидер

Заев заминува, на 12 декември СДСМ ќе бира нов лидер

Ниту Извршниот, ниту Централниот одбор на СДСМ не успеаја да го разубедат Зоран Заев да остане на лидерската позиција. И покрај инсистирањето на неговите сопартијци за повлекување на оставката, одлуката на Заев да ја напушти челната позиција во партијата е дефинитивна и неотповиклива.

Во една таква ситуација, членовите на Централниот одбор донесоа одлука за отпочнување постапка за внатрепартиски избор на нов претседател.

Тоа значи дека согласно партискиот Статут, на внатрепартиските избори кои ќе се одржат на 12 декември, членовите на СДСМ ќе го бираат новиот партиски лидер. Постапката за евидентирање кандидати за претседател на СДСМ почнува денеска и ќе трае во следните 7 денови.

Прочитајте повеќе

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Прогласена епидемија на западнонилска треска во делови од Скопје

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје прогласија епидемија на западнонилска треска …