Закон си!

Закон си!

Пишува: Доц. д-р Јасмина Трајкоска

Закон или законска регулатива, претставува нормативен акт кој ги уредува општествените односи во сите области на животот на граѓаните. Законите или регулативите се донесуваат по прецизно утврдена процедура која се одвива во Законодавниот дом. Која е целта на законот или законската регулатива? Целта е да регулира и уреди одредена област за која граѓаните имаат одредени директни потреби и истиот, секогаш, во основа задолжително треба да се базира на заштита на јавниот интерес. Законската регулатива треба да ја регулира областа за која се донесува и истата да ги надминува сите ризици кои би оневозможиле неефикасна имплементација.

Во „Извештајот за одговорно и транспарентно Собрание”, изработен од МОСТ од 01.01.2016 до 17.10.2016, спроведени се 365 постапки за донесување на законски регулативи. Од нив, 13 се нови законски регулативи, 326 измени и дополнувања на постојни регулативи и 26 ратификации. Владата е предлагач на 93% од донесените закони, а 70% од нив се донесени по скратена постапка. Половина од постапките за донесување или измена на регулативите, 156, се донесени во февруари 2016, а 71 во март. Во еден ден, на 23 февруари, донесени се 40 законски регулативи по скратена постапка и еден закон по итна постапка. Од 54 предвидени закони за усогласување со законодавството на ЕУ, донесени се само 5.

Според вториот извештај на МОСТ, за периодот од 30.12.2016 до 31.05.2017 година, Деловникот за работа на Собранието е прекршен во вкупно 1.566 говори. Најчесто прекршување е говорење за прашања кои не се на дневен ред. Структурата на говорите на пратениците во овој период вклучува 1% дискусии, 34% реплики, 33% контра-реплики и 32% процедурални обраќања.

Во периодот од  01.06.2017 до 30.09.2017 година, постојат вкупно 43 постапки за донесување или изменување на закони. Од нив, 14 законски регулативи се донесени, 17 се во процедура, 3 се неприфатливи, а 9 се повлечени. Од донесените закони, еден е нова регулатива, другите 13 се однесуваат на измени на постоечки регулативи. 12 регулативи се донесени по скратена постапка, една по итна и една по скратена постапка. Од предвидените 8 законски регулативи за усогласување со ЕУ, само за една е започната законодавна постапка, а тоа е за Законот за употреба на јазиците.

За периодот од 01.10.2017 – 31.12.2017, во процедура биле 63 постапки за донесување и изменување на законски регулативи, од кои донесени биле 28 регулативи, 31 е во процедура, 2 се неприфатливи, а 2 повлечени. Од донесените законски регулативи, 3 се нови, 16 се измени на постоечки регулативи, а 9 се ратификации. На хармонизација со ЕУ, се однесува само еден закон. На 22 декември донесени се 10 законски регулативи,  од кои 7 се по скратена постапка, 3 по редовна.

Петтиот извештај се однесува за периодот од 01.01.2018 – 31.03.2018 и во него има 172 постапки за донесување или изменување на законска регулатива. 59 законски регулативи се донесени, 107 се во процедура, а 6 се повлечени. Од донесените закони, 6 се нови, 43 се измени на постојните законски регулативи, а 10 се ратификации. Во овој период, 2 законски регулативи се однесуваат на хармонизација со законодавството на ЕУ.

Од изнесеното, јасно може да се види колку ЕУ законодавството е приоритет и колку законите кои се носат ја имаат испочитувано основната процедура за да може да го штитат јавниот интерес.

Деновиве сме сведоци на повторно донесување на закони по скратена постапка, без анализа, без докази и без вклучување на јавноста во дебата.

Почитувани пратеници, Ве потсетувам дека законот, регулативата, уште се вика законско решение, а не законски проблем! Веќе долго време кај нас законите продуцираат проблеми, неефикасност и големи пропусти!

Затоа кога се користи изразот “се’ е во рамките на законот”, многумина знаат дека тоа не значи и правилна постапка.

Среќна Нова Година! Догодина – порационални!

Прочитајте повеќе

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев: Извинете, згрешивме!?

Колумна на Стефан Богоев за неделникот „Фокус“ Извинете, згрешивме!? Почитувани граѓани, драги читатели, за многумина …