Заматена водата од прилепскиот водовод, се препорачува нејзино превривање

Заматена водата од прилепскиот водовод, се препорачува нејзино превривање

Поради енормно зголемената издашност на изворот „Студенчица“, во водоводната мрежа во градот има промена на притисокот, заради што доаѓа до заматување на водата во одредени делови од градот.

Заради превентивни причини, од ЈКП „Водовод и канализација“ Прилеп им препорачуваат на граѓаните, доколку забележат заматување на водата, пред нејзиното конзумирање да ја превриваат 10 минути.

Од јавното комунално претпријатие велат дека од сабота се очекува нормализирање на состојбата.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …