Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепското село Големо Радобил

Запленето нелегално оружје и украдено возило во прилепското село Големо Радобил

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи-ОВР-Прилеп, извршија три претреси во с.Големо Радобил, прилепско, при што е пронајдено и одземено нелегално оружје, 5 пушки, а пронајдено е и одземено едно патничко моторно возило кое претходно било пријавено за украдено.

Во домот на М.М. (52) пронајден и одземен е еден ловен карабин 7,9 модел 98, кај Т.Ј. (41) пронајдени и одземени се два ловни карабини и 42 парчиња муниција и кај Ф.Ц. (49) пронајдени и одземени се една ловџиска пушка и еден ловџиски карабин и одземено возило „волво“, кое претходно е пријавено за украдено. Против овие лица ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …