ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ТОШО ДАСКАЛО“ ВО БИТОЛА

ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „ТОШО ДАСКАЛО“ ВО БИТОЛА

Една од најфреквентните улици во градот, која беше доста оштетена, започна да се реконструира. Станува збор за улицата „Тошо Даскало“, каде што е предвидена промена на мешовитата канализациона мрежа од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“, водоводни приклучоци кои ќе ги работат екипи на ЈКП „Водовд“ и финално, поставување на нов коловоз.

Градоначалничката Наташа Петровска, заедно со дел од тимот задолжен за реализација на проектот, беше информирана за динамиката на работа и зафатите кои овде ќе бидат изведени.

Локалното  население пак изрази задоволство што и оваа улица ќе добие нов лик.

Вредноста на оваа инвестиција од страна на Општина Битола е околу 11.500.000 денари.

Прочитајте повеќе

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Истражување: Еден семестар студентите на Економскиот факултет при УКИМ ги чини над 80.000 денари

Големо мнозинство од испитаниците (83,8%) рекле дека сметаат оти студентите не можат да ги си …