Започна вадењето на старите пловила од каналот Студенчишта

Започна вадењето на старите пловила од каналот Студенчишта

Бродовите „Илинден“ и „Лихнида“ извадени од каналот Студенчишта во Охрид. Акцијата ја изведе Капетанијата на пристаништата и е дел од акцијата со која сите руинирани пловни објекти кои се во каналот треба да се извадат од таму.

Бродот „Илинден“ поради својата габаритност моментално се наоѓа во близина на дирекцијата на ЈП „Охридски Комуналец“, а бродот „Лихнида“ во кругот на ЈП „Охридски Комуналец“.

Капетанот Горан Устијаноски за локалната телевизија „ТВМ“ кажа дека наскоро ќе бидат извадени уште два пловни објекти од каналот Студенчишта. Трошоците за вадење на бродот Лихнида паднаа на товар на државата бидејќи не е утврдена неговата сопственост, а трошоците за вадење на другите пловни објекти се на товар на сопствениците.

Каналот Студенчишта веќе подолг временски период има проблем со големиот број на расходовани пловина. Наспроти големиот простор што го зафаќаат во каналот, Охрид во моментов нема марина како локација каде што би можеле да се паркира сѐ поголемиот број на пловни објекти во езерото.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Комарец треска

Тројца починати од западнонилска треска, шест пациенти се во критична состојба

Трет пациент почина од западнонилска треска во земјава, додека шестмина од хоспитализираните се во критична …